Znam zašto

Најчести прашања и одговори

  1. Како се пренесува сопственоста на предметот на лизинг на корисникот на лизинг на крај? 
  2. Дали плаќањето на последната рата автоматски значи откуп? 
  3. Дали може лизингот да се исплати предвреме и под кои услови? 
  4. Што ќе се случи доколку поради непредвиден настан не можам повеќе да ги плаќам месечните обврски според договорот?
  5. Што е разлика помеѓу лизинг и кредит?
  6. Дали лизинг ратите се фиксни или се менуваат месечно? 
  7. Колкаво е минималното учество за лизинг? 
  8. Дали можам да добијам делумен лизинг, а останатиот износ да го обезбедам сам?
  9. Колкав е максималниот период на лизинг? 
  10. Дали за лизинг е потребен жирант? 
  11. Колку трае процедурата на одобрување? 
  12. Колкава е каматната стапка? 
  13. Кои се дополнителните трошоци при склучување на договор за лизинг?
  14. Што е со трошоците за осигурување на побарувањето? Дали се плаќаат како и кај кредитите? 
  15. Може ли барателот да биде вработен на определено време? 
  16. Што може да биде гаранција за лизинг и во кој однос? 
  17. Кој е лимитот на финансирање? 
  18. Што е поважно, приходи или сопственост на фирма? 
  19. За колку време се реализира лизингот?
  1. Како се пренесува сопственоста на предметот на лизинг на корисникот на лизинг на крајот на договорот?

    По плаќањето на последната рата се склучува договор за купопродажба, кој се заверува нотарски и врз чија основа може да се пренесе сопственоста на предметот на лизинг (возило, опрема, машини итн.).
  2. Дали плаќањето на последната рата автоматски значи откуп?

    Кај финансискиот лизинг со плаќањето на последната рата се стекнувате со право на откуп. Износот на последната рата е предмет на договор и таа е обично еднаква со останатите рати, но и не мора. Доколку не се плати последната рата, формално правно не можеме да ви ја пренесеме сопственоста. Самото плаќање не значи автоматски откуп, бидејќи треба да се потпише и договор за купопродажба.
  3. Дали лизингот може да се отплати предвреме и под кои услови?

    Да, со договорот за лизинг е предвидена можноста за предвремен откуп. Во согласност со Законот за лизинг, финансискиот лизинг за подвижни предмети мора да трае најмалку 1 година, односно 2 години за недвижен имот. По истекот на овој рок може да се направи предвремен откуп во согласност со условите на договорот.
  4. Што се случува доколку поради вонреден настан не можам повеќе да ги плаќам месечните обврски според договорот?

    Во случај кога клиентот не може да ги исполнува своите обврски поради непредвиден настан, на заеднички состанок се договараме за најповолната варијанта. Притоа постојат неколку можности. Може да се договори репрограм на постоечкиот план на плаќање со потпишување анекс кон договорот, кој ќе им одговара и на двете страни. Друга можност е да се направи предвремен откуп на предметот на лизинг, при што доколку клиентот не може да најде купувач, НЛБ Лизинг може да му помогне во тоа. Со постигнатата пазарна цена прво се покриваат обврските на корисникот на лизинг кон давателот на лизинг, а позитивната разлика му се исплатувам односно доколку е негативна се задолжува за неа. На потенцијалниот купувач може да му се одобри и финансирање на лизинг, односно да му се пренесат како на трето лице обврските од договорот.
  5. Што е разлика помеѓу лизинг и кредит?

    Основната разлика е во обезбедувањето на побарувањето кон доверителот. За лизинг начелно не треба да се даваат дополнителни гаранции односно обезбедувања, бидејќи гаранција за подвижниот или неподвижниот предмет што е предмет на договор за лизинг е правото на сопственост на давателот на лизинг.
  6. Дали месечните лизинг рати се фиксни или месечно се менуваат?

    Бидејќи договорите се со фиксна каматна стапка и ратите се во фиксен износ.
  7. Колкаво е минималното учество за лизинг?

    Износот на минимално учество зависи од самиот предмет на лизинг, бонитетот на корисникот на лизинг, периодот на лизинг и евентуалните дополнителни обезбедувања. За патнички возила минималното учество е 15%. Во соработка со различни партнери можно е да се прават специјални акции со услови поинакви од стандардните.
  8. Колкаво е максималното учество за лизинг?

    Не постои такво ограничување. Варијантата за лизинг секогаш зависи од потребите на клиентот.
  9. Колкав е максималниот период на лизинг?

    Периодот на лизинг зависи од бонитетот на клиентот, финансираниот износ, обезбедувањата, предметот на лизинг, додека за поголеми проекти и од природата на самата инвестиција. Патничните возила се нудат на лизинг до 6 години.  
  10. Дали за лизинг е потребен жирант?

    Генерално финансирањето е обезбедено со задржување на правната сосптвеност на предметот на лизинг. Останатите обезбедувања (помеѓу нив и гаранцијата на физичко или правно лице) се определуваат врз основа на вашиот бонитет, износ на финансирање, рочност на финансирање, предметот на лизинг и природата на инвестицијата. 
  11. Колку време е потребно за одобрување на лизинг?

    По приемот на комплетната потребна документација барањето се разгледува во рок од 3 работни дена. За редовни клиенти овој рок изнесува 1 работен ден. По овој рок НЛБ ЛИЗИНГ писмено ги известува барателот на лизинг и продавачот дали е барањето одобрено, со приложување на профактура за уплата на учество. 
  12. Колкава е каматната стапка кај лизингот?

    Каматната стапка го изразува ризикот на инвестицијата односно финансирањето. Зависи пред се од бонитетот на клиентот, периодот на финансирање, предметот на лизинг, износот на финансирање и обезбедувањето. 
  13. Кои трошоци се поврзани со склучување на договорот за лизинг?

    Трошоците зависат од предметот на лизинг, но корисниците на лизинг најчесто ги очекуваат следните трошоци:
    • трошоци за обработка (се однесуваат на одобрување на лизинг и подготовка на документација)
    • осигурување на предметот на лизинг (за возила АО и каско, за опрема имотно осигурување итн.)
    • меница/и и барирани чекови
    • нотарски трошоци, адвокатски трошоци, такси (за недвижнини)
    • проценка на предмет за лизинг, ако е потребно (за половни возила, користена опрема, недвижен имот)
  14. Важи принципот дека за времетраење на договорот за лизинг сите трошоци кои би настанале во врска со владението/употребата/сопственоста на предметот на лизинг се на товар на корисникот на лизинг.

    Што е со трошоците за осигурување на побарувања? Дали се плаќаат како за кредит?
    Основната разлика помеѓу лизингот и кредитот е во обезбедување на побарувањата. Кај лизингот тоа е самиот предмет на лизинг, така што нема потреба за осигурување на побарувањето во осигурително друштво, па со самото тоа ги нема овие трошоци, кои вообичаено ги има при земање на кредит.
  15. Дали корисникот на лизинг може да е вработен на определено време?

    Да. При одобрувањето на лизинг се земаат во предвид сите докажани приходи. Се разбира дека тоа може да има влијание на потребното учество (н.пр. 25% наместо 15%), односно на останатите услови (каматна стапка), доколку не е можно повисоко учество или друго обезбедување. Во секој случај, секое барање за лизинг се оценува индивидуално.
  16. Дали е можен лизинг со помало учество од минималното?

    Фактори кои може да влијаат на висината на учеството се: залог / хипотека (движен и недвижен имот, хартии од вредност, депозити и сл.) или гаранции на правни и физички лица. За правни лица тоа може да биде и банкарска гаранција. За определување на учеството е потребна и оценка за вредноста на предметот на лизинг на пазарот. Во согласност со важечката стандардна понуда, за патнички возила со вредност до 12.000 ЕУР минималното учество е 15%, за опрема и останати возила 25%. Намалувањето на учеството е можно за клиенти со првокласен бонитет, како и во случај на дополнителни гаранции.
  17. Како се определува учеството за половни предмети на лизинг?

    Најважно е да се направи проценка на пазарната вредност на предметот на лизинг. Купопродажната вредност не е еднаква со пазарната вредност. Во согласност со тоа се определува и минималното учество. За половни патнички автомобили учеството се зголемува за најмалку 5% во споредба со новите автомобили. 
  18. Што е поважно, висина на приходи или сопственост на фирма?

    Доколку имаме барател на лизинг физичко лице, со фирма гарант чиј сопственик е тој, се разгледуваат два бонитета- и на физичкото лице и на друштвото. Одлуката се заснова врз приходите на физичкото лице, а сопственичката поврзаност е дополнителен фактор кој се зема во предвид. Во определени примери тоа може да има влијание на условите на финансирање. 
  19. Колку време е потребно за реализација на лизинг?

    Зависи од сложеноста на зделката и предметот на лизинг. Од моментот на добивање на сите потребни документи, роковите за лизинг на возила се од еден до пет работни дена, за опрема од еден до седум работни дена (за покомплексни зделки со поголема вредност може и повеќе) и за недвижнини околу 2 недели. Важен елемент за определување на рокот се желбата на корисникот на лизинг и добавувачот, како и можноста за обезбедување на сите задолжителни и евентуални дополнителни документи.