Znam zašto

Ограничување на одговорност

Добродојдовте на веб страната на НЛБ ЛИЗИНГ доо Скопје. Нашата страна е поставена со цел пошироката јавност да се информира за нас и нашите услуги. Како посетител на нашата страна ве молиме да ги земете во предвид доленаведените услови.
Со разгледувањето потврдувате дека се согласувате со условите и ги прифаќате во целост.

Информации

Сопственикот на веб страната со сета грижа ќе настојува да обезбеди точност и ажурност на податоците и истовремено го задржува правото да ја менува содржината и / или да престане со нејзиното дополнување било кога, без претходно известување и не превзема никаква одговорност за обновување на содржината.

Заштитени марки

Сите марки на страната се заштитени, освен ако сопственикот на страната не одлучи поинаку. Тоа ги вклучува и сите логотипи на сопственикот (логотипи на услугите и корпоративни логотипи) и знаци. Нивната употреба е дозволена само со претходна дозвола на сопственикот на страната.

Ограничување на одговорност

Сите текстови, слики и останати содржини кои се прикажани на страните се избрани и уредени од сопственикот на страните и се пред се информативни податоци. И покрај нивната информативна природа, во случај да сакате со сопственикот да соработувате на деловно ниво, тој не одговара за точноста на наведените податоци.
Освен во случај на директно предизвикана штета, која би произлегувала од намерно заведување од страна на сопственикот, или која би настанала поради негова немарност, сопственикот или било кое друго правно или физичко лице кое соработувало при настанувањето на овие страни, не одговара за никаква посредна, непосредна, посебна или случајна штета која би настанала поради погрешно разбирање  на содржините на овие страни од страна на посетителот.
Интелектуалната сопственост на овие страни, вклучувајќи ги патентите, марките и авторските дела, е заштитена. Ништо на оваа страна не смее да биде употребено или прикажано на било каков начин без официјална дозвола на сопственикот на страните.
Овие страни содржат информации и за трети лица и поврзувања со страни на трети лица. Меѓутоа НЛБ ЛИЗИНГ не ја познава содржината на тие информации, содржани на страните и затоа не превзема никаква одговорност за информациите наведени таму.

Заштита на приватноста

На нашите страни собираме контактни информации и некои лични податоци за оние посетители кои сакаат да добијат информации и за таа намена го контактираат НЛБ ЛИЗИНГ.
Посетителите превземаат исклучива одговорност за веродостојност на личните податоци и контакт информации. Контактните информации ги користиме за воспоставување контакт со посетителите, кога е тоа потребно или кога тоа го сака самиот посетител.
Личните и контакт информации не ги употребуваме за други цели и не ги откриваме на трети лица.
Вашата ИП- адреса би ја користекл при утврдување на проблеми со серверот и уредување на страните.
Нашите страни содржат поврзувања со страни на трети лица. НЛБ ЛИЗИНГ не превзема одговорност за почитување на приватноста и содржината на овие страни.