Znam zašto

За лизингот

Што е лизинг

Изразот има потекло од англискиот глагол "to lease", што значи "да се даде во наем" или "најми". Зборот "leasing" има во Македонија различни називи, се користат и термините »наем« и "закуп".
Во секој случај се работи за посебна форма на финансирање на употреба на опрема и недвижнини. Не е сосема наем ниту пак кредит, иако ги содржи елементите и на двете. Предметот на договор му се дава на корисникот на лизинг на користење, за определен надомест и за определено време. Значи давателот на лизинг го купува предметот на договор и му го дава на користење на корисникот на лизинг. Тој пак за него плаќа наемнина во согласност со договорот за лизинг. За целото времетраење на договорот за лизинг сопственик на предметот е давателот на лизинг. Со истек на договорниот однос корисникот на лизинг може да го откупи предметот на лизинг.

 

Разлика помеѓу лизинг и кредит

Основната и најважна разлика е во обезбедувањето на побарувањето кoн доверителот. Кај лизингот начелно не се потребни дополнителни гаранции односно обезбедувања, бидејќи гаранција за подвижниот односно неподвижниот имот кој е предмет на договор за лизинг е самото право на сопственост на давателот на лизинг.

Зошто НЛБ Лизинг е поим за лизинг

  • ние сме прва и најголема лизинг компанија во Македонија
  • нудиме широк асортиман на продукти
  • се прилагодуваме на вашите желби и потреби
  • имаме искуство, знаење и стручност,  
  • нашите услуги вклучуваат квалитетно економско и правно советување, како и совети за реализација на зделките
  • безбедноста на вашата инвестиција ја гарантира финансиската моќ на групата НЛБ Лизинг и сопственикот, групата НЛБ (Нова Љубљанска Банка)

 

Предност на лизингот во споредба со другите форми на финансирање

  • поголема можност за прилагодување на условите на финансирање кон индивидуалните потреби,
  • постапката на одобрување на финансирање е брза и едноставна
  • правните лица можат да го искористат определеното влијание на финансирањето преку лизинг врз билансот на состојба и на трошоците на работење,  
  • можност за финансирање имаат и клиенти со формално помала кредитоспособност како и новоосновани друштва, 
  • можност за финансирање и на ДДВ,  
  • вообичаено не се потребни дополнителни обезбедување за лизингот, дури и за подолг рок 
    финансирањето на инвестиции кај некои форми на лизинг не го намалува кредитниот потенцијал и нуди поголем расположив обртен капитал, 
  • можност за обезбедување на дополнителен обртен капитал